Билансот од страотната сообраќајка кај Дољевац, една загината и неколкумина повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Ниш-Лесковац, кај наплатната рампа Дољевац во која животот го загуби една жена.
Според информациите на српски“Курир“ уште три лица се полесно, а две потешко повредени и сите се пренесени во Ургентниот центар на КБ во Ниш. Според неофицијални информации меѓу повредените е и директорот на Коридорот Србија, Зоран Бабиќ, а “Танјуг“ пренесува дека е со тешки повреди и има отворени скршеници.
Директорот на КЦ Ниш изјавил дека примиле една потешко повредена пациентка со фрактури на ребра и повреди на рбетниот столб, но дека е во стабилна состојба. Меѓу потешко повредените е и директорот на Коридорот, кој се здобил со повреди на левата бутна коска.
– Тој има скршеница на бутната коска, и по уште некои испитувања и дијагностики, веројатно ќе биде префрлен во Белград, изјавиле на изворот од КЦ Ниш.
Според последните информации, никој од повредените не во животозагрозувачка состојба.
Како причина за несреќата се наведува лизгавиот коловоз, но тоа ќе биде констатирано по деталната истрага на полицијата

Loading...