Билд: Мурињо и Фалкао одат во Челзи

Loading...

Жозе Мурињо и Радамел фалкао од следната сеозна ќе бидат дел од тимот на Челзи, тврди германскиот „Билд“ повикувајќи се на свои извори.Мурињо и претходно најавуваше дека ќе се врати во Премиер лигата, но во последно време тој и неколкумина играчи на Реал тврдеа дека ќе остане во Мадрид.Сепак, загубената титула во Примера (Барселона е лидер со 13 бодови повеќе) и извесната елиминација во Лига на шампиони не се аргументи кои му одат во прилог на португалскиот тренер.Радамел Фалкао, од друга страна, по две брилијантни сезони со сигурност ќе го напушти Атлетико Мадрид, а Челзи веќе подолго време се споменува како негова следна дестинација.Челзи цела сезона има проблеми со реализацијата, Фернандо Торез кој беше платен 50 милиони фунти а не ги исполни очекувањата на сопственикот Абрамович, додека Сенегалецот Демба Ба, кој во јануари пристигна од Њукасл целосно ја искористи својата шанса.Дека Фалкао ќе замине од Атлетико, потврдува и фактот што ’јорганџиите’ веќе бараат негова замена, последен фудбалер за кого Атлетико покажа интерес е Колумбиецот од Удинезе Луис Мјуриел.
МакфаксЖозе Мурињо и Радамел фалкао од следната сеозна ќе бидат дел од тимот на Челзи, тврди германскиот „Билд“ п

loading...
Loading...