Билд: Штајнмаер ја откажа посетата на Украина од безбедносни причини

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја откажа утрешната планирана посета на Киев поради безбедносни причини, објави денеска весникот „Билд“, повикувајќи се на владини извори во Украина и Берлин.

Билд: Штајнмаер ја откажа посетата на Украина од безбедносни причини

Весникот наведува дека германското Министерство за надворешни работи, МВР и безбедносните органи го советувале да не оди, но дека посетата наскоро ќе се случи, пренесе Ројтерс.

Од кабинетот на германскиот претседател одбија да ја коментираат оваа информација.

Претседателот во Германија има претежно церемонијална улога.

Тој планираше да го посети Киев во април, но Украина не сакаше да дојде Штајмеер поради неговите блиски односи со Русија за време на неговата претходна позиција како министер за надворешни работи.

Оттогаш, дипломатскиот јаз е надминат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.