Билетите во ЈСП “Скопје“ нема да поскапат

Loading...

Независно од порастот на цената на нафтените деривати Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ нема да ја зголемува цената на билетите за градски превоз.
– Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави за МИА директорот на ЈСП “Скопје“, Кристијан Чушков.

loading...