Бил Гејтс најави дека се разведува по 27 години брак

Loading...

Бил Гејтс најави дека се разведува по 27 години брак

Нето-имотот на Гејтсови се проценува на повеќе од 130 милијарди долари.

Во изјава која е испратена заеднички до медиумите тие напишаа дека после 27 години брак и одгледани 3 деца сметаат дека не можат да раснат заедно…

Бил и Мелинда започнаа да се дружат во 1987 година по состанокот на една трговска изложба во Њујорк и таа потоа работеше за маркетингот на „Мајкрософт“. Подоцна Мелинда ќе биде назначена за генерален директор на информатички производи во раните 90-ти.

Двојката се венча на 1 јануари 1994 година на Хаваи. Потоа Мелинда ја напушти компанијата во 1996 година за да се фокусира на создавање на нивното петчлено семејство.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...