Бил Гејтс: Сиромашните земји ќе добијат вакцини 6 до 8 месеци по богатите земји

Loading...

Сиромашните земји се соочуваат, според најдоброто сценарио, со заостанување од шест до осум месеци од побогатите земји во пристап на вакцините против коронавирусот, со цел да го заштитат населението од пандемијата.
Ова за Reuters го изјави Бил Гејтс, кој изјави дека светот се соочува со тешки проблеми со распределба на вакцините, што создава голем притисок на глобалните институции, владите и производителите на лекови.
„Секој политичар е под притисок да лицитира за својата земја за да заземе што подобро место во редот за распределба“, вели Гејтс.
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс досега издвои 1,75 милијарди долари во глобалниот одговор на пандемијата на коронавирусот, низ фондови за иницијатива за поделба на вакцини како и преку патот на директна поддршка за развој на вакцини.
Од Глобалната алијанса за вакцини велат дека целта им е дистрибуција на 2,3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, вклучително и 1,8 милијарди дози на сиромашните земји без трошоци за нивните влади. Се надеваат дека некои испораки ќе почнат од идниот месец.
Според Гејтс, дозите вакцини преку КОВАКС на почетокот биле скромни.
„Вкупниот број дози кои Глобалната алијанса и КОВАКС ќе ги имаат во првата половина на годината и понатаму е скромен. Да, ќе се дистрибуираат некои дози, но ако споредите кога сиромашните земји ќе го постигнат истиот процент на покриеност како богатите земји, би рекол дека во најдобриот случај, тоа е за шест до осум месеци“, вели Гејтс.
Според неговото мислење, луѓето кои живеат во богатите земји може да очекуваат крај на пандемијата и враќање во нормала до крајот на годината, објаснувајќи го тоа со фактот дека тие земји најверојатно ќе имаат вакцинирано 70 до 80 проценти од населението.

loading...