Бинг Син – ЗА ЖЕНИТЕ

Loading...

Најново од МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА:
Бинг Син – ЗА ЖЕНИТЕ

Бинг Син, најпознатата писателка на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век, во оваа книга ја раскажува сопствената верзија на феминизмот. И го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени?
Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за жените, а во кои се оформува ставот за жените во целина.
Приказните се раскажани од машки наратор, факт што авторката го прикрива до 1980 година, кога превезот за тоа го симнува во предговорот на третото издание на книгата.
Својот оригинален стил го комбинира со поетичниот израз кој е истакнат во класичната кинеска лирика, со наративен реализам, во луцидна и провокативна синтеза.
„За жените“ покажува дека феминизмот на Бинг Син може да се разгледува во однос на нејзината употреба на нарацијата како ироничен трик. Софистицираниот машки наратор кој го прикрива полот на авторот функционира суптилно за да го поткопа машкиот авторитет и неговата појава на апсолутно господарење. Во предговорот на второто издание, напишан во 1945 година, Бинг Син го изразува своето мислење дека поверојатно „господата“ повеќе ќе ја читаат нејзината книга отколку жените. Шеснаесетте текстови што ја формираат збирката како целина нудат различни претстави за жените. Првите две приказни се особено важни во однос на поставените прашања, како и за ставот кон жените во целина.
Преводод од англиски јазик е на Елена Саздовска.

Бинг Син (1900 – 1999) се издвојува како исклучителна, неповторлива и важна фигура меѓу многуте кинески писателки од дваесеттиот век. Со нејзиното рано вклучување во движењето „Четврти мај“, кое започна во 1919 година, се вброи во генерацијата писатели кои ја оспорија традицијата и се залагаа за преиспитување на кинеската култура. Како и многумина автори поддржувачи на „Четврти мај“, Бинг Син ја презеде задачата на читателот „да му ги прикаже проблемите во општеството“ преку своите книжевни дела. Нејзините таканаречени „приказни за некои прашања“, кои се однесуваат на социјалната неправда, семејните конфликти и феминизмот, предизвикаа значајна расправа кај критичарите од нејзиното време. Својот оригинален стил, наречен „Бинг Син стил“, таа го комбинира со поетичниот израз кој е истакнат во класичната кинеска лирика, со наративен реализам, во луцидна и провокативна синтеза.
Денес е повторно актуелно творештвото на Бинг Син, особено нејзината извонредна збирка „За жените“. Прво, Бинг Син е талентирана писателка чија употреба на наративниот глас претставува суптилен предизвик за конвенциите на родовата конструкција, кои се важни за најголемиот дел од традиционалната и за голем дел од современата литература. Како жена писателката, Бинг Син придонесува за модернистичката традиција со својот прецизен и ироничен стил, што ѝ овозможува да ја предизвика машката авторитарност. Второ, Бинг Син му овозможува на современиот читател, но особено на жената читател, да ја предвиди пошироката политичка борба што се крие зад хоризонтот на родовите спорови. Оттука, без да престане да биде феминистка, Бинг Син нуди поглед на кинеската современост што ја рефлектира социјалната и политичката реалност на Кина во дваесеттиот век. Конечно, Бинг Син е кинеска писателка која нуди свое толкување на феминизмот што не е ниту јасен израз на нејзиниот модернистички стил ниту, пак, може да се сведе на нејзините историски заложби.
Усвојувајќи го софистицираниот машки наратор како фолија што не може целосно ја прикрие личната перспектива на светот, Бинг Син демонстрира како машко-женската спротивставеност има само релативно значење во отворената економија на знаците. Посебната форма на феминизмот на Бинг Син е неразделен од предмодернистичката грижа за човечките квалитети коишто честопати погрешно се етикетираат како традиционалистички. Додека повремено го демонстрира „строгиот“ стил што западните читатели лесно го идентификуваат со висок модернизам, нејзината фикција може да се прочита и како истражување на родот, што отвора многу прашања што не можат да се решат во рамките на современиот феминизам.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...