Биохемичарката Марва Вагаршаковна (84): Сите болести доаѓаат директно од цревата

Loading...

Марва дава едноставни правила кои треба да ги следите за да имате здраво тело и бистар ум:
1.ИЗБОР НА ХРАНА
Никој не сака да се разболи. Желбата – ништо да не ве боли – е сосем нормална желба, а болеста е првиот злочин кон организмот. “Со прилагодување кон исхраната ќе го прилагодите целиот живот”, вели Марва и објаснува дека со адекватна исхрана не се менува само телото, туку и психата.
2.МОДЕРНАТА МЕДИЦИНА НЕ ЈА ЛЕКУВА БОЛЕСТА, ТУКУ НЕЈЗИНИТЕ СИМПТОМИ
Симптомите не можат да се излекуваат, можат само привремено да се смират. Но, потоа повторно се јавуваат, во иста или сосем нова форма. Најлошо од сè е тоа што тогаш болеста има тендеција да стане хронична или да еволуира во некоја друга, уште полоша.
“На пример, ако како дете често сте пателе од воспаление на бели дробови, не е ни чудо што на 35 години сте добиле рак на дојка. Таквите трансформации на болеста од една во друга се природни”, вели Марва и додава дека овие работи на многу лекари и натаму не им се сфатливи.
“Запамтете, сè што ве мачело во детството, ќе се појави на возрасни години, кога-тогаш, во некој друг облик”, предупредува докторката.
3.СМРТТА ДОАЃА ОД ЦРЕВАТА
да се вратиме повторно во детството. Од што друго боледуваат децата, освен од настинки и воспалено грло? Тоа се овчите сипаници, заушки, рубеола и така натаму, кои се класифицираат како детски болести, бидејќи повеќето ги прележуваат додека се деца, бидејќи во возрасно доба потешко се поднесуваат. Зошто?


За почеток, не заболуваат сите деца од овие болести. Тие ги погодуваат децата кои во себе имаат повеќе “материјал” подложен за развој на вирусите кои ги предизвикуваат овие болести. Зошто тогаш децата почесто заболуваат од нив отколку возрасните? Одговорот е едноставен – детското тело е изложено на најразлични видови нечистотија, која пред сè се акумулира во цревата. Во природната медицина дури и постои изрека дека “смртта доаѓа од цревата”, и тоа буквално е така. Кога само би ги знаеле и кога би ги почитувале правилата за редовно чистење на цревата, би живееле многу подолго и поздраво.
4.ПРАВИЛНА ИСХРАНА
Храната е прав благослов, но може да стане и право зло. “Зла храна е онаа која се продава во кантините, се јаде во градинките, училиштата, болниците, војската. Тоа е вистински криминал за здравјето. Поради оваа храна децата во градинките се разболуваат. Во Швајцарија на пример децата во градинките јадат овошје, салати и чај со мед. Тоа на децата им е доволно за да бидат сити и здрави, физички и ментално.
Цревата се преполни со остатоци од фекални материи, изгниена и полуизгниена слуз, живи, полуживи и мртви паразити. Делот од хранливи материи би требало да помине низ ѕидовите на цревата, но не може поради наслагите од овој отпад правилно да се апсорбира во крвотокот. Наместо тоа, крвта се труе со токсините кои треба повторно да се преработат и отстранат. Затоа е важно правилно да се храниме, бидејќи ако биохемијата на телото и биохемијата на намирниците се согласуваат, тогаш телото се чисти и спречува ризик од појава на болести.
НАЈВАЖНИОТ СОВЕТ НА МАРВА:
“За да не се разболите, мора да имате и општествена свест. Општеството ги креирало алкохолот и алкохолизмот, а потоа се бори против овие пороци. Тоа е парадоксот на денешното време”.
РЕЦЕПТОТ НА МАРВА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ТЕЛОТО:
“Алкалната средина ги убива паразитите. За да го зголемите нивото на рН вредноста, јадете сиров зеленчук и овошје. Исфрлете го брашното од исхраната, како и тестенините и слатките. Еден од најделотворните методи за отстранување на паразитите е гладувањето. Постете и сè ќе биде во ред со вашето тело. Не заборавајте да употребувате лековити билки со мед и сок од лимон”, советува Марва.

loading...