Биткоинот ја проби бариерата од 10.000 долари, и оди нагоре. И другите крипто валути одат нагоре

Loading...

Биткоинот ја проби бариерата од 10.000 долари, и оди нагоре, односно има галопирачка динамика во последниот период.

Во последните месец дена Биткоинот порасна за околу 26 проценти. Така најниско се тргувал за 7.900 долари, додека во моментов кога го пишуваме текстот се тргува за 10.115 долари.

И Етериумот, втората најголема крипто валута оди нагоре во изминатиот месец. Па така пораснал за големи 59 проценти. Од најниско тргуваните 141 долар, денеска се тргуваше на светските берзи за 227 долари.

Биткоин кешот кој е четврта по вредност крипто валута исто така има големо покачување во последните месец дена. Најниско се тргувал за 257 долари, додека во моментов неговата вредност е 466 долари, што е промена „во зелено“ или нагоре за 70 проценти.

Вредноста на крипто валутите збирно во моментов, глобално е 287 милијарди долари. Доминацијата на Биткоинот е 63.8 изразено во проценти.

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...