Битолчанец измамил сограѓанин и му зел 65.000 евра

Loading...

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Б. (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Вчера на улица „Цветан Димов“ во Битола, пријавениот го довел во заблуда Ј.Н. (74) од Битола, кој му дал 4.000.000 денари и 500 американски долари, околу 65 000 евра, по што тој парите ги задржал за себе.

loading...
Loading...