Би се обиделе ли? Вака изгледа прошетка по „најсмртоносната“ планина на светот…

Доколку сте авантуристи, зависници од адреналин и сакате необични работи и места – ова е вистинската работа за вас.
Снимката од кинеската планина Хуа навистина го одзема сечиј здив. Нејзината импозантна висина не е единствената работа која што ги привлекува туристите секоја година.
Оваа света планина со висина од околу 2.160 метри во провинцијата Шанкси е вистинското место за оние кои што сакаат авантури.


Нејзе ја опкружуваат многубројни древни плочи со помош на кои туристите се искачуваат до самиот врв, а од погледот можеби и ќе ви се заврти во главата.
Истиот овој пат го користеле и монасите, 100 години наназад.
Денеска оваа стаза е мета на туристите кои што сакаат да направат добра фотографија или пак да доживеат целосна авантура, додека пак има и од оние кои што се религиозни и кои што сакаат да ги следат чекорите на монасите.
Според податоците на УНЕСКО, на ова место се наоѓаат дури 300 камени табли и 750 духовни ракописи кои што датираат од пред 1.000 години.
Погледнете го видеото:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.