Благ пад на акциите на Волстрит при мирно тргување

Loading...

Внимателно тргување го окарактеризира Волстрит во понеделникот, со оглед дека берзанските индекси, по чест недели континуиран раст, се движат кон највисокото ниво за последните пет години, а нема нови вести кои би ги поттикнале инвеститорите.
Индексот Dow Jones ослабна за 0,16 отсто, на 13.971 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,06 отсто, на 1.517 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,06 проценти, на 3.192 индексни поени.Од почетокот на годината S&P 500 порасна за 6,4 отсто и заедно со Dow Jones достигнаа највисоко ниво од крајот на 2007 година.„Иако во последните денови се тргува внимателно, берзата и натаму делува одлично. Но, по шест недели непрестан раст на цените на акциите, логично е инвеститорите да земат здив, дури и ако нема лоши вести“, вели Ерик Кјуби, директор во фондот North Star Investment Menagement.Повеќето акции вчера во поголемиот дел од денот беа во минус, а дури пред крај на тргувањето се намали минусот, благодарение на растот на цените на технолошките гиганти Google и Apple.Акцијата на рејтинг агенцијата Moody's вчера значително порасна, речиси за пет отсто, откако во минатата недела потона за дури 22 отсто.Американските власти минатата недела подигнаа тужба против агенцијата Standard & Poor's поради можни неправилности во одредувањето на рејтингот на второкласни хипотекарни обврзници, а доколку судот го прифати обвинението, слична судбина може да го снајде и Moody's.Во недостиг на значителни вести кои би го поттикнале тргувањето на берзите, инвеститорите со нетрпение го чекаат обраќањето на американскиот претседател Барак Обама во вторник пред КОнгресот.Се очекува Обама во извештајот за состојбата на агенцијата да изнесе предлози за поттикнување на економијата со инвестирање во инфраструктурата, индустријата, производството на чиста енергија и во образованието.
МакфаксВнимателно тргување го окарактеризира Волстрит во понеде

loading...
Loading...