Благ пораст на акциите на Волстрит

Loading...

Цените на акциите на Волстрит во вторникот во мирно тргување благо пораснаа, бидејќи инвеститорите беа оптимистички расположени пред извештајот на американскиот претседател Барак Обама за состојбата на нацијата.Индексот Dow Jones зајакна за 0,34 отсто, на 14.018 поени, индексот S&P 500 порасна 0,16 отсто, на 1.519 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,17 проценти, на 3.186 индексни поени.Од почетокот на годината S&P 500 порасна за 6,5 отсто, додека Dow Jones се доближи на само еден отсто од највисокото ниво во историјата, забележано во октомври 2007 година.Во јануари акциите остварија силен пораст со оглед дека САД го избегнаа „фискалниот гребен“, автоматското намалување на буџетските расходи и зголемување на даноците, но во февруари растот е успорен со оглед дека нема причини за продолжување на растот.На берзата владее внимателност со оглед дека републиканците и демократите до 1 март треба да постигнат договор за селективно намалување на буџетот, за да се избегне автоматско кратење на расходите, кое би можело да го забави ионака анемичниот раст на американската економија.Оттука инвеститорите се надеваат дека Обама би можел во својот извештај до конгресот да ја назначи можноста за компромис со републиканците.Меѓу најголемите добитници вчера беше градежниот сектор со оглед дека компанија Masco ги зголеми проценките за изградба на нови куќи годинава. Цената на акцијата на градежната компанија скокна за над 12 отсто, додека PHLX индексот на градежниот сектор порасна за 3,7 отсто.Цената на акцијата на Avon Products, скокна за над 20 отсто, откако произведувачот на козметика го сопре падот на приходите и остро ги скастри трошоците на работење.Од друга страна, акцијата на Coca-Cola падна за 2,7 отсто бидејќи инвеститорите очекуваа подобар резултат во четвртиот квартал на најголемиот светски производител на газирани пијалаци.
МакфаксЦените на акциите на Волстрит во вторникот во мирно тргување благо пораснаа, бидејќи инвеститорите беа оптимистички расположени пред извештај

loading...