Блинкен: Права одлука во критичен момент за Македонија, Западен Балкан и Европа

САД ја поздравија одлуката на Парламентот на Северна Македонија да ги преземе следните чекори кон пристапувањето во ЕУ, се вели во соопштението на Стејт депарментот.

-Ги препознаваме тешките одлуки предвидени во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик.

Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија, која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, порача од САД.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.