БЛИНКЕН: Украина ќе одлучи за времето и содржината на преговорите со Русија

Украина ќе одлучи за времето и содржината на преговарачката рамка со Русија, се наведува во транскриптот од денешната средба меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб во Пном Пен.

БЛИНКЕН: Украина ќе одлучи за времето и содржината на преговорите со Русија

Блинкен, исто така, разговараше за непоколебливата посветеност на САД да и помогнат на Украина да ги ублажи ефектите од руските напади врз критичната инфраструктура како што се приближува зимата, вклучително и забрзување на хуманитарната помош, објави Ројтерс.

„Државниот секретар (Блинкен) повтори дека времето и содржината на која било рамка за преговори остануваат одлука на Украина“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

За време на состанокот, Блинкен и Кулеба ја потврдија важноста од обновување на договорот што и овозможува на Украина да извезува жито преку Црното Море, пред да истече следната сабота.

За време на средбата, Кулеба му се заблагодари на Блинкен за воената помош што САД и ја испраќаат на Украина.

„Нагласив дека кога ги гледаме жителите на Керсон како ги поздравуваат своите ослободители со солзи радосници, ние сме благодарни на САД и на американскиот народ за нивната поддршка“, напиша Кулеба на Твитер.

Тој додаде дека им се заблагодарува на САД за одлуките да испратат понапредна воена опрема во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.