Блитва со пилешко и павлака

Loading...

4 парчиња пилешки гради
2 врзопа блитва
1 главица кромид
3-4 чешниња лук
200 мл кисела павлака
2 јајца
200 г кашкавал
масло
сол и мелен црн пипер
Во тава со масло испржете го исечканиот кромид. Додадете ги исечканиот лук и пилешкото исечкано на коцки, и кратко запржете.
Блитвата попарете ја со посолена врела вода и исцедете ја. Крупно исечкајте ја и додадете ја во тавата. Посолете и зачинете со мелен црн пипер. Додадете ги јајцата изматени со павлаката и ренданиот кашкавал, и промешајте. Нанесете во намрсена тава и печете околу 30 минути на 200 степени.

 

 

 

loading...