“БМВ“ излетало од автопатот Скопје-Тетово, возачот тешко повреден

Loading...

Во сообраќајна незгода што се случила вчеравечер во 19:40 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Добарце тешко е повреден возачот на автомобилот.
Од МВР информираат дека во 19:40 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Добарце, патничко возило “БМВ“, управувано од А.М.(42) од Скопје, излетало од патот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

loading...