Бобан Николов позитивен на коронавирус

Loading...

Стандардниот репрезентативец од средниот ред, Бобан Николов, инаку нов член на Шериф Тираспол е позитивен на ковид-19.
Ова е прв проблем со кој се соочува Благоја Милевски пред објавување на списокот на играчи за септемвриските квалификации, се среќаваме со Ерменија и Романија во Скопје, и со Исланд на гости во периодот од 2 до 8 следниот месец.
Милевски денес во 12 часот ќе го објави списокот на фудбалери за овие септемвриски натпревари, неизвесно е дали и со Бобан Николов, покрај него неизвесен е и настапот на Аријан Адеми.

loading...
Loading...