Боба Живојиновиќ открива:Лејди Дајана љубопитно ме праша: „Дали јас сум тенисерот со најсилен сервис?“

Loading...

Верувале или не: некогашниот српски тенисер и принцезата Дајана беа многу блиски пријатели. – Многу го сакаше начинот на кој играв и се однесував на теренот. Бев изненаден од тоа колку таа е природна жена. Мојот син Филип е со возраста како нејзиниот помлад син Хари, така што тие главно беа теми за кои ние муабетевме. Чест ми е што ја познавав!


Неверојатна но вистинита приказна деновиве за јавноста ја раскажа некогаш многу популарниот светски тениски ас Бобан-Боба Живојинивиќ, а денес успешен бизнисмен и сопруг на мегапопуларната пејачка Лепа Брена. Во него кон крајот на осумдесеттите години, веројатно потајно, беше вљубена славната принцеза Дајана, а дека е тоа жива вистина раскажа и самиот Боба (за српскиот „Курир“).Тие се запознале во 1987 година, за што сведочи и фотографијата на која Лејди Дајана позира со Боба и неговиот најстар син Филип, тогаш мало дете кое беше многу љубопитно и кое сакаше и тој да се слика со принцезата за која мислеше како и секое дете дека тоа е таа принцеза од оние бајки кои тој со задоволство сакаше да ги чита.


-Една недела пред Вимблдон во 1987 година, под нејзино покровителство се одржа хуманитарен натпревар. Јас бев еден од учесниците покрај неколку други познати тенисери. Тогаш се запознавме јас и Лејди Дајана. При првиот разговор, таа ме праша дали јас сум тенисерот кој има најсилен сервис? Таа од мене доби потврден одговор. Навиваше само за мене. Ми беше драго што ме поддржа една таква жена.
Многу го сакаше начинот на кој играв и се однесував на теренот и сè што оди со тоа. Дајана беше прекрасна личност со која можев да зборувам за обични работи. Нејзината големина беше токму во таа нормална човечка комуникација. Бев изненаден од тоа колку е природна жена, а светски толку значајна. Чест ми е што ја познавав.
Нашите долги разговори беа сведени на приказни за секојдневните работи, но најмногу и за нашите деца.
Мојот син Филип е со возраста како нејзиниот помлад син Хари, така што тие главно беа теми за кои муабетевме. И толку. Но очигледно дека јас и останав во силно сеќавање. Следната 1989 година се одржа и изложбен натпревар, па Дајана исто така дојде. Ме праша повторно дали мојот сервис е сè уште најсилен? Јас слатко се насмеав, а ние набргу потоа почнавме да се дружиме, станавме блиски пријатели, открива Живојиновиќ.
Тенисерот, сепак, подоцна се ожени и набргу разведе од спортистката Зорица (таа денес живее во Америка) со која го има синот Филип, а потоа се ожени со Лепа Брена во 1992 година, со која е уште во брак и со која има два сина, Стефан и Виктор.

loading...