Богатството на Марк Закерберг се зголеми на 100 милијарди долари

Loading...

Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, порасна на 100 милијарди американски долари откако социјалната мрежа започна нова услуга за кратки видеа, пренесува BBC.
Завчера, компанијата ја промовираше Инстаграм Рилс, конкурент на контроверзната кинеска апликација TikTok.
Акциите на Фејсбук вчера скокнаа за повеќе од 6 проценти. Уделот на Закерберг е 13 проценти.
Тој им се придружи на основачот на Амазон, Џеф Безос и Бил Гејтс од Мајкрософт во супербогатиот клуб со средства од повеќе од 100 милијарди американски долари.
Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа заради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.
Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл се меѓу компаниите кои најмногу искористиле од карантинот поради пандемијата на коронавирус, бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.
Богатството на Закерберг се зголеми за повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а повеќе од 75 милијарди долари се зголеми богатството на Безос, според податоците на Блумберг.

loading...