Богат напиток кој е одличен за жените во менопауза

Loading...

Менопаузата е специфичен период од животот на секоја жена која се карактеризира со различни симптоми. Иако тие не можат сосема да се избегнат, сепак можат да се ублажат. Овој напиток содржи магнезиум, калциум кои се клучни минерали за овој период, како и железо, калиум и витамин Ц.
Магнезиумот ги смирува наглите промени во расположението, а позитивно влијае и на нивото на хормони и добар е за коските. Витаминот Ц е клучен за јакнење на имунитетот и намалување на ризикот од последиците кои настануваат од оксидативниот стрес.
Ова е рецептот:
Неколку ливчиња спанаќ
1 исецкана банана
1 излупен и исецкан портокал
250 мл јогурт
Измешајте ги сите состојки добро во блендер, а можете да го засладите и со 1 лажичка мед. Конзумирајте го наутро, на празен стомак.

loading...
Loading...