Богат улов на полицијата, пијани и несовесни возачи

Loading...

Сообраќајна полиција синоќа во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот утрово спровела акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Па, скопјани морале да дуваат… по што, кај дури 28 возачи било утврдено присуство на алкохол поголемо од дозволеното. Сите тие се санкционирани.
Инаку, откриени биле и 26 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Во текот на вчерашниот ден, на подрачјато на Скопје санкционирани биле и четворица возачи на мотори.

loading...