Богојески имал решение за руското влијание – ќе лови руски агенти за целосна деболшевизација

Петар Богојески имал информации за присуство на руски агенти во неколку државни институции, но и на универзитети, во медицински центри, медиуми и во политички партии.

Дел од програмата на Богојески:

Согласно нашата Програма 3С, дел Стратешки интереси, предвидуваме Акција “ЧЕЛИЧНА МЕТЛА” за целосна деболшевизација на Македонија!
Акцијата ќе се спроведе согласно ЗЗД, по негово донесување во Собрание!
Безбедњаците кои ќе паднат во Акцијата, ќе бидат осудени за предавство на Македонија!
Политичарите кои ќе паднат во Акцијата, ќе бидат хоспитализирани во Установа за деболшевизација, во времетраење потребно за целосно лекување!
Богојески имал решение за руското влијание – ќе лови руски агенти за целосна деболшевизација

„На мене ми е јасно зошто Русија инсистира да инсталира силна агентура во Македонија!
Една од причините секако е лабилноста на мак безбедносен систем, па очекуваат лесно да инсталираат свои агенти во високите кругови во земјава, со што истите ќе ги користат за разузнавање на НАТО / САД и ЕУ!
Тоа функционира едноставно… Македонец, руски агент, станува амбасадор во САД или во НАТО или станува министер за одбрана или МВР… па така тие се присутни на доверливи “средби” во Вашингтон или Брисел, а материјалите завршуваат во Москва!
Тоа е т.н. посредно или индирекно разузнавање, својствено за Русија!
Во Македонија во моментов има силна концентрација на “руски агенти”, пред се во неколку институции (МО, МВР, Кабинет на Претседател, Влада, МНР, Собрание, Секретаријат, АР, АНБ, ДБКИ, Царина…), потоа на Универзитети, медицински центри, медиуми, а на крај во политички партии!
Според МКонцепт, најопасни по државната безбедност за Македонија се оние во институциите од безбедносен карактер, а потоа во политичките партии!
Согласно нашата Програма 3С, дел Стратешки интереси, предвидуваме Акција “ЧЕЛИЧНА МЕТЛА” за целосна деболшевизација на Македонија!
Акцијата ќе се спроведе согласно ЗЗД, по негово донесување во Собрание!
Безбедњаците кои ќе паднат во Акцијата, ќе бидат осудени за предавство на Македонија!
Политичарите кои ќе паднат во Акцијата, ќе бидат хоспитализирани во Установа за деболшевизација, во времетраење потребно за целосно лекување!
Руската култура не е непријателска кон Македонија и мак национални интереси, само руската надворешна политика!
Од тука, Акцијата “Челична метла” нема русофобски карактер, нема за цел ловење на “руски вештерки”, туку има за цел да го засили македонскиот имунитет кон странски влијанија, а да го отвори патот за искрено македонско – руско пријателство!
Ние сакаме да сме пријатели со сите земји во светот, без разлика на нивното внатрешно уредување!
Поаѓаме само и само од мак национални интереси!
Сегашните жалопојки на актуелнава власт во Македонија, не се својствени, ниту прифатливи за нас!
Ние “актуелниве жалопојки” на наспособниве од власта ќе ги преточиме во АКЦИЈА, со конкретни задачи и динамика!
Во моментов, високи владини и партиски функционери се руски агенти, кои ќе бидат брзо и ефикасно заловени во нашата Акција!
Ние нема да плачеме, туку ќе дејствуваме!
Дајте ни сила, да ви помогнеме!
А вие си знаете!“, пишува Богојески во неговиот фејсбук статус.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.