Божин Павловски: Господине Заев, зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот?

Со своја реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизја “Алфа“ во кое говори за македонската историја се јави академик Божин Павловски.
– Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам, реагира Павловски.

Loading...