Божиќна фантазија

Loading...

Состојки
1 Фантазија готова смеса за овошен колач (Fantaѕia Fruit Cake mix)
50 гр Фантазија чоколадни капки (Cocoa drops)
кора од 1 портокал
За фил
2 пудинга од ванила
500 мл млеко
150 гр путер
7 лажици шеќер
1 Фантазија шеќерни шарени трошки (Sugar sprinkles)
За декорација
1 Фантазија бел фондан
1 Фантазија розе фондан
1 Фантазија син фондан

Мирисна и декоративна торта која ќе ја збогати вашата Божиќна трпеза. Готовиот фондан е прекрасен за изработка на разни украсни форми, кои ќе допринесат во очите на вашите најблиски да бидете вистински слаткари.
Подготовка
1. Готовата смеса за овошен колач ја подготвуваме според упатството, па откако ќе ја изматиме додаваме чоколадни капки и рендана кора од портокал.
2. Ја истураме во намрсено и набрашнето тавче бр. 21, ја печеме според упатството околу 50 минути. Ја оставаме да се излади пред да ја сечеме.
3. За филот вариме 400 мл млеко, а во остатокот ги раствораме пудинзите заедно со шеќерот. Кога ќе почне да врие млекото, го ставаме пудингот и мешаме додека да згусне. Го оставаме сосема да излади.
4. Путерот го матиме пенасто и го соединуваме со изладениот пудинг. Мал дел од филот оставаме на страна, со него ќе ја премачкаме тортата, а во останатиот ставаме околу 50 гр шеќерни трошки. Филот ни е подготвен.
5. Врвот на колачот го отстрануваме за да колачот ни биде рамен. Останатиот дел го сечеме на два дела. Ја филуваме тортата со филот со шеќерни трошки, а ја премачкуваме филот што го тргнавме на страна.
6. Тортата ја декорираме со смесите за фондан, по желба и сопствен вкус.

loading...
Loading...