Божиќно видео кое ќе ве трогне: Копнееме по барем уште еден ден со личноста која не е повеќе меѓу нас

Loading...

Емотивно видео ќе го растрепери срцето на секој кој посакува да помине барем уште еден ден со личност која не е меѓу нас.
Снимката следи млад маж додека тој нетрпеливо ги одбројува деновите до Божиќ. Набрзо станува јасно и зошто – тој едвај чека да слушне аудио порака од покојната мајка.

Пред да почине, грижливата мајка снимила повеќе касети со пораки за саканиот син. Последната порака од неа тој ја слуша додека солзи навираат во неговите очи.
Со оглед на тоа што во божиќните реклами се вложуваат милиони евра, многумина се едногласни дека кога идејата е брилијантна, буџетот за продукција е неважен.

loading...