Боинг работи на решавање на проблемот со акумулаторите во Дримлајнерот

Loading...

Компанијата Боинг работи на измените на дизајнот на акумулаторите кои ќе го минимизираат ризикот и избивање пожар на авионите Дримлајнер 787, така што можно е авионите од овој тип да почнат да летаат во март.Како што во четврток информира весникот „The Wall Street Journal“, американските власти истовремено најавиле дека ќе дозволат летало од тој тип, под строги услови, да полета од Тексас до фабриката во сојузната држава Вашингтон.Регулаторните агенции ширум светот го забранија летањето на технолошки напредниот авион „дримлајнер“ кон средината на јануари, откако во Бостон се запали литиумски акумулатор на еден авион и забележан е уште еден инцидент поврзан со акумулаторот во Јапонија.Американската фабрика за авиони Боинг ја запре испораката на новите 787 Дримлајнери додека не се реши проблемот со акумулаторите во авионите и најави дека ќе продолжи да ги произведува, но нема да ги испорачува додека не се реши проблемот.Сите 50 авиони на Боинг од типот Дримлајнер што беа во комерцијална употреба се приземјени по принудното слетување на авионот на јапонската компанија Ал Нипон Ервејс заради прегревање на литиумскиот акумулатор.
MakфаксКомпанијата Боинг работи на измените на дизајнот на акумулаторите кои ќе го минимизираат ризикот и избивање пожар на авионите Дримлајне

loading...
Loading...