„Боинг 737“ на „Утаир“ принудно слета во Санкт Петербург

Авион „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Утаир“ со 73 патници и шест членови на екипажот принудно слета на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург. Пилотот слета само со еден мотор.
Авионот летал од Москва кон Санкт Петербург и побарал одобрување за принудно слетување бидејќи еден од моторите престанал да работи. Авиокомпанијата соопшти дека ниту еден од патниците не е повреден.