Боки 13 останува во “Шутка“, притворот му е продолжен за 30 дена

Loading...

Бојан Јовановски и понатаму останува во притвор, откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена, неофицијално дознава “Фокус“.
Јовановски веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор “Скопје“, а последните 30 дена му истекуваат денес.
Тој заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за случајот “Рекет“. Според истрагата, наводно бизнисменот Орца Камчев на Боки 13 и на Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, “Империја“, во кој Камчев ја има улогата на осомничен, а според обвинителството, и Јанева била дел од пазарот.

 

loading...