Боки 13 со носилки изнесен од Обвинителството

Loading...
Бојан Јовановски попладнево со носилки е изнесен од Обвинителството за организиран криминал и висока корупција, јавува ТВ“21“.
Боки 13 на пладне со полициска придружба беше донесен во Обвинителството од КПУ Затвор-Скопје, но поради влошената здравствена состојба во Апелација дојде Брза помош и го изнесе на носилки.
Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

loading...