Болести кои ги предизвикува глутенот

Loading...

Можеби последниве години безглутенската исхрана ви се чини дека е чисто помодарство кое го практикуваат дури и оние што немаат проблем со нетолерантност, но ние денес ќе ви откриеме кои болести, всушност, ги предизвикува глутенот.
Повеќето луѓе кои имаат целијакија се откажуваат од намирниците кои го содржат глутенот, бидејќи нивниот организам е многу чувствителен и не може да ја дигестира оваа состојка.
Она што повеќето луѓе не го знаат е дека глутенот може да предизвика дури 55 многу чести заболувања, а ние денес ви откриваме некои од нив, оние најчестите.
ШТО Е ГЛУТЕН?
За глутенот пишувавме многупати досега, но ако не сте се запознале досега, глутенот е протеин кој се содржи во пченицата и во останатите житарки, јачмен, ’рж, овес, а негови траги можат да се пронајдат и во повеќето намирници што секојдневно ги јадеме.
Чувствителноста на глутен е автоимуна болест која создава воспаление во целото тело, а влијае врз органските системи, вклучително и на мозокот, срцето, зглобовите, дигестивниот тракт…
Ова се само некои од болестите што глутенот може да ги предизвика или да ги влоши.
ОСТЕОПОРОЗА
Ова е болест која се карактеризира со слабеење на коските и својствена е за повозрасната популација, а одговорна е за милион фрактури годишно.
Најновите истражувања велат дека како превенција за остеопороза би било добро да се исфрлат млечните производи и глутенот од исхраната, а калциум да се консумира од темнолистестиот зеленчук и суплементи со витамин Д. Во секој случај, промените во исхраната, секако, можат да ја подобрат состојбата.
СИНДОМ НА ИРИТАБИЛНИ ЦРЕВА
Ова е хронично гастроинтестинално заболување кое ги погодува помеѓу 7-20% Американци. Обично се манифестира со непријатност во стомакот 2-3 пати месечно како и со дијареа и опстипација истовремено.
Истражувањата покажале дека постои поврзаност помеѓу оваа болест и целијакија, а исто така било забележано дека по исфрлањето на глутенот од исхраната, на пациентите значително им се подобрила состојбата, а симптомите биле неспоредливо помали.
АНЕМИЈА
Ова е состојба на крвта предизвикана од намален број црвени крвни клетки или хемоглобин кој е црвен пигмент во овие клетки. Црвените крвни зрнца се многу важни бидејќи тие го пренесуваат кислородот до органите.
Нивниот дефицит или намаленото ниво на хемоглобин доведува до неправилно функционирање на целиот организам.
НЕУХРАНЕТОСТ
Тенкото црево е обложено со слој кој помага во апсорпцијата на нутриентите од храната. Оние што патат од целијакија, а ќе внесат глутен, во тој случај оваа мембрана на цревото ќе биде нападната, па без разлика дали тие се хранат здраво, нивното тело нема да ги добие потребните нутриенти, што може да предизвика бројни проблеми и да доведе до неисхранетост.
Ваквата неисхранетост не претставува помала телесна маса, туку помалку витални нутриенти во организмот.
АФТИ
Постојат бројни докази со кои афтите ги поврзуваат со глутенот. Афтите се оние мали, многу болни пликови кои се појавуваат во устата, од внатрешната страна на усните и на образите. Едно истражување покажало дека афтите во голема мера помалку се појавуваат кај луѓе што не консумираат глутен.
РЕВМАТОИДЕН АРТРИТИС
Сѐ уште во целост не е јасно дали глутенот е предизвикувач на ревматоиден артритис, но науката вели дека, секако, може да ја влоши состојбата. Имуниот систем на глутенот гледа како на непријател и штом го детектира го напаѓа со сите расположиви средства, а притоа во организмот се предизвикуваат бројни воспаленија на цревата, но и во останатите органи и ткива.
Лекарите забележале дека пациентите што боледуваат од оваа болест, а не јадат глутен имаат многу помалку проблеми отколку оние што не се одрекуваат од глутенот.
ДЕРМАТИТИС
Интензивно чешање, чувство на пецкање и ситни пликови на лактите, колената, задникот и на скалпот, можат да укажуваат на тоа дека не би требало да јадете глутен. Сепак, во однос на тоа колкава е вашата нетолеранција, особено ако имате целијакија, покрај исфрлањето на глутенот, би требало да консумирате и некои лекови.
Ако се сомневате дека сте нетолерантни на глутен, не правете ништо на своја рака,туку посетете лекар и направете одредени тестови со кои точно ќе го одредите нивото на нетолеранција.

loading...