Болести кои можете да ги префатите од вашето милениче

Loading...

Исто како што можете да префатите настинка од некој преку бакнеж или кивање, така можете да префатите болести и од вашето милениче.
Но, не се вознемирувајте, не станува збор за болести кои се неизлечливи или опасни по живот. Во принцип, сè што ќе ви пренесат вашите миленичиња може да се спречи или излечи. Секако, доколку убаво се грижите за вашето милениче, го вакцинирате и го чувате неговото здравје, и вие ќе бидете здрави. А, еве какви сè болести може да делите со вашето милениче.
Тенија е една од најзаразните болести, која може да живее и надвор од телото, а вашето милениче да ја прифати. Доколку сте ја прифатиле ќе ви се појават црвени округли дамки, а вашето милениче ќе има недостаток на крзно на одредени места на кои ќе има исто така црвени дамки.
Нематод е најчестиот паразит кај мачките кој личи на шпагети и е долг околу 35 сантиметри. Мачките се изложени на овој паразит преку консумација на инфицирани глодари или кога младенчињата цицаат млеко од инфицирана мајка. Симптомите кај миленичето се дијареа, црви во изметот, повраќање, тврда или крвава столица. Кај луѓето симптомите се крв во изметот, болка во абдоменот, задишаност и кашлица.
Кукасти црви се вид на нематод кои се хранат со ѕидовите на цревата на кучињата, со што предизвикуваат губење на крв кај животното, особено кај помалите кучиња. Јајцата од овие паразите завршуваат во изметот на животното, па секој контакт со изметот, со гола рака или било кој дел од телото, инфекцијата се пренесува. Кај миленичето се манифестира со дијареа и губење на телесната тежина, додека кај луѓето ретко се манифестира.
Гиардиа е паразит кој се создава во водата на изворите, реките и езерата, а најчесто ја префаќаат мачки и кучиња. Симптомот кој го предизвикува овој паразит и кај миленичињата и кај луѓето е дијареа.
Кампилобактер е бактерија која ја има во сите младенчиња и е една од најголемите предизвикувачи на дијареа во Америка.  
Салмонелата ја има околу 80% кај рептилите, а се наоѓа исто така и кај бебињата пилиња. Животните како рептили и пилиња најчесто немаат симптоми, а луѓето имаат болки во абдоменот, треска, повраќање, главоболка и мачнина.
Секогаш мијте ги рацете по контакт со вашето милениче и редовно носете го во посета на ветеринар. На тој начин ќе избегнете било какви болести да бидат пренесени или пак воопшто да постојат во вашиот дом. Исто како што можете да префатите настинка од некој преку бакнеж или кивање, така можете да префатите болести и од ваш

loading...
Loading...