Бомбите во Бостон можно да биле активирани со далечински управувач за играчка

Loading...

Осомничените извршители на терористичкиот напад во текот на меѓународниот Бостонски маратон, браќата Тамерлан и Џохар Царнаев етнички Чеченци со американско државјанство, можно е дека искористиле далечински управувач од играчка автомобил за да ги активираат двете бомби поставени во корпи за отпадоци, пишува во четвртокот весникот The New York Post.Како што изјавил за медиумите конгресменот од редот на американските демократи Чарлс Руперсбергер, претставниците на федералното истражно биро FBI на брифингот покажале остатоци од далечински управувач најдени на местото на злосторството. Според Руперсбергер, овој факт потврдува дека Царнаеви можеле да добијат знаења за изработка на експлозивни направи од онлајн списание, зад кое стои глобалната терористичка група Ал Каеда.Две експлозии во интервал од 12 секунди одекнаа во Бостон на 15-ти април на целната рамнина на познатиот меѓународен Бостонски маратон, кога загинаа три лица меѓу кои и осумгодишно момченце, а повеќе од 280 се повредени од кои многумина остана без екстремитети.Деветнаесетгодишниот Џохар Царнаев беше уапсен вечерта на 20-ти април во бостонското предградие Вотертаун и беше хоспитализиран со повеќе прострелни рани, од кои едната е потешка во вратот поради којашто не може да зборува па со истражителите комуницираше само со климање со глава и писмено. Подоцна против него беше подигнато обвинение по неколку точки. Постариот брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, во петокот минатата седмица почина во болница од повредите здобиени во престрелка со полицијата.
МакфаксОсомничените извршители на терористичкиот напад во текот на меѓународниот Бостонски маратон, браќата Тамерлан и Џохар

loading...
Loading...