Бомбици со бисквити и чоколадо

Loading...

Посни колачиња со бисквити и чоколадо.
СОСТОЈКИ:
300 гр посни мелени бисквити
250 гр маргарин
8 лажици шеќер во прав
2 лажици рум
3 лажици сок од портокал
посно чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете маргарин, па додајте мелени посни бисквити, шеќер, рум и сок од портокал. Сè добро замесете, па од добиената маса направете топчиња.
Секое топче потопете го во растопено чоколадо. Редете на решетка додека чоколадото не се исуши, а потоа секое топче ставете го во украсна хартиена корпичка.
Уживајте!

loading...