Бомбици со малини

Loading...

Состојки
200 гр смокви
50 гр урми
1 портокал
50 гр ореви
2 лажици дмБио какао
14 малини

1. Во блендер ги ставаме смоквите и урмите, блендираме. Го цедиме портокалот и го додаваме во смесата. Го додаваме и дмБио какаото. Блендираме. Смесата ја ставаме во длабок сад.
2. Оревите ги ставаме во блендер да се иситнат на не многу крупни парченца и ги додаваме во смесата.
3. Од смесата формираме топче, го сплескуваме со рака, во средината ставаме по една малина и формираме бомбица. Ги валкаме во дмБио какао.

loading...