Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија

Loading...

Британската музичарка Бони Тајлер, позната од хитовите од седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, ќе ја претставува својата земја на Евровизија, соопшти во четвртокот BBC.

 
Шеесет и едногодишната Бони Тајлер ќе ја изведе баладата „Believe in me”, надевајќи се дека на Велика Британија ќе ѝ ја донесе победата што не ѝ успеало од 1981 година.
„Навистина сум почестена и одушевена од тоа што ќе ја претставувам својата земја на Евровизија, особено со толку прекрасна песна. Ветувам дека ќе сторам сѐ то е моќно за Велика Британија”, изјави Тајлер.
Годинешново натпреварување на Евровизијата, коешто ќе биде пренесувано во цела Европа но и во повеќе десетици други земји во светот, ќе се одржи на 18-ти мај во Малме, Шведска.
Најголемите хитови на Бони Тајлер кои се „вртат” и денес се „It's a heartache” од 1977, „Total eclipse of the heart” од 1983 и „Holding out for a hero” од 1984 година.
Макфакс
Британската музичарка Бони Тајлер, позната од хитовите од седумдесеттите и осумдесеттите годин

loading...
Loading...