Борел и Блинкен: Евроатлантската иднина на Западен Балкан останува цел на ЕУ и САД

Европската унија и САД се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан, а обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува заедничка цел, изјавија високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

САД и ЕУ, нашите стратешки партнери со недвосмислена изјава:

Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ, се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ и државниот секретар на САД, објавена на веб-страницата на Европската служба за Надворешни работи.
Борел и Блинкен: Евроатлантската иднина на Западен Балкан останува цел на ЕУ и САД

„Во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија на Русија против Украина, напредокот на Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ е клучен за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент“, рекоа двајцата дипломати во заедничка изјава.

Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ, се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ и државниот секретар на САД, објавена на веб-страницата на Европската служба за Надворешни работи.

„Го поздравуваме компромисниот предлог, кој ги зема предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија, заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање“, се додава во соопштението.

Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија ќе биде важна за напредок. Овој дух на конструктивен компромис, врз кој беше изградена европската интеграција, треба да продолжи да ги инспирира сите кои се вклучени во овој историски процес, според Борел и Блинкен.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.