На вчерашниот самит во Брисел бугарскиот премиер Бојко Борисов упати остри тонови кон Македонија. Прашан за коментар по последните недоразбирања околу Гоце Делчев, Борисов изјави дека Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ.
– Немојте да ме разберете погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив. И опозицијата постојано ме прашува што прави комисијата… Нека зреат. Jас тоа не можам да го дозволам – Бугарија направи се и тие беа издигнати до небо. Сега тие мора да направат компромис во Комисијата и со антибугарската реторика, изјави бугарскиот премиер во Брисел. .