Боркица се разведува од Груевски по 15 години брак. Го бара преку Службен весник за тужбата

Боркица се разведува од Груевски. Го бара преку Службен весник за тужбата.

Груевски 5 години не е во Македонија:

Во 2018 година Груевски избега во Будимпешта откако беше осуден од Основниот кривичен суд. По него е распишана потерница, и иако сите знаат дека е во Будимпешта каде доби политички азил, во државава тој е официјално недостапен на органите на прогонот. Боркица му е втора сопруга и со неа имаат две малолетни деца. 

Судскиот оглас е објавен јавно во вчерашниот број на Службен весник, бидејќи Груевски не достапен и нема друг начин да биде информиран тој.

-Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари, се вели во огласот.

За привремен застапник на Груевски е поставена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје.

Боркица му е втора сопруга на поранешниот премиер , со кого се омажи во мај 2007 година и имаат две ќерки. Во 2018 година Груевски избега во Будимпешта откако беше осуден, а веќе има и неколку други пресуди за кривични дела за кои го гонеше Специјалното јавно обвинителство, а сега го гони Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.