Бостон, зелениот град

Loading...

Бостон се смета за еден од најубавите и „европски“ градови во Соединетите Американски Држави, полн со историја и убави градби, а најмногу од сѐ чист и полн со зеленило.
Многумина за Бостон велат дека има господски шарм. Во него нема ништо што сјае и блеска, но на некој начин со секој исчекорен чекор по неговите улици имате впечаток дека со времето во градот се случиле важни случувања и дека е полн со најразлични богатства, а неговите граѓани се свесни и горди на тоа, но не се фалбџии.

Бостон е преполн со паркови. Има од оние големите, како и многу мали оази помеѓу големите бостонски облакодери, а сите беспрекорно се одржуваат. Сето ова го прави Бостон еден од најзелените градови во Америка. Свеста за заштитување на животната средина е на високо ниво. На секој чекор има знаци кои повикуваат на рециклирање, намалување на емисија на штетни гасови, одржливост и сл.

Многу интересно е што градските власти одлучиле главната улица која поминува низ центарот на Бостон да биде под земја, а на површината направиле паркови. Еден од најпознатите паркови во Бостон е „Boston Common” во кое има езерце полно патки, гуски и лебеди. Овие животни се главна атракција за сите кои се одлучуваат за возење со кајче по езерцето. Покрај секој парк има игралиште за деца, полно со играчки и возен парк кои се достапни за секое дете.

Бостон често го нарекуваат Градот на гравот, бидејќи од таму потекнуваат многу познати јадења од грав, сепак ние би го нарекле Град на зеленилото. Бостон е едонставн радост за очите и душата. 
Бостон се смета за еден од најубавите и „европски“ градови во Соединетите Американски Држави, полн со исто

loading...
Loading...