Бразилска диета: Комплетно мени за цела недела

Loading...

Бразилската диета е една од најпознатите „брзи“ диети бидејќи овозможува експресно губење на килограмите – до 10 килограми за 2 недели. Постојат две верзии на диетата – брза и нормална. Бидејќи брзата диета е сиромашна со многу хранливи материи, најдобро е да не ја пробувате. Вo продолжение можете да погледнете целосно мени за 7 дена за нормалната бразилска диета. Диетата се држи 4 недели, се јаде 4-5 пати дневно, а основните намирници се овошје и зеленчук.
Бразилска диета: Комплетно мени за цела недела
Понеделник
Појадок: 1 портокал, 1 банана, 1 чаша сок од портокал.
Ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче двопек.
Ручек: 100 грама готвена риба, 100 грама салата од сиров зеленчук.


Вечера: Исто како и ручекот.
Пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче двопек.
Вторник
Појадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболка.
Ужина: 1 мало парче двопек, 1 чаша сок од јаболка.
Ручек: 100 грама варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата.
Вечера: 200 грама готвена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, грашок (свеж или од конзерва).
Пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 двопек.
Среда
Појадок: 1 шолја обезмастено млеко, 1 двопек.
Ужина: 100 грама обезмастено сирење.
Ручек: 100 грама ориз, 150 грама салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажичка ситно исечкан магдонос.


Вечера: 100 грама варено месо, 1 јаболко, 4 листа зелена салата.
Пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 мал двопек.
Четврток
Појадок: 1 чаша сок од ананас, 60 грама ананас.
Ужина: 1 чаша сок од ананас, 1 мал двопек,
Ручек: 100 грама варено месо, мало парче сирење и 1 портокал.
Вечера: 2 варени компири, 150 грама салата од свежи рендани моркови со малку масло.
Пред спиење: 1 чаша сок од ананас, 1 парче двопек.
Петок
Појадок: 1 чаша сок од јаболка, 1 мало парче двопек.
Ужина: 1 јаболка, 1 портокал.
Ручек: 150 грама риба, 2 мали варени моркови.
Вечера: 1 чинија супа од зеленчук (или крем супа од печурки, или чинија рибина чорба), мало парче леб.
Пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче двопек.
Сабота
Појадок: 1 чаша сок од јаболка, мало парче двопек.
Ужина: 150 грама варено цвекло со малку растително масло.
Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба и мало парче леб.
Вечера: 100 грама пржени печурки, 100 грама салата од сиров зеленчук.
Пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 2 крекери.
Недела
Појадок: 1 банана, 1 рака суво грозје.
Ужина: 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче двопек.
Ручек: 100 грама варено месо, 100 грама салата од свежа зелка, млад лук и сок од 1 лимон.
Вечера: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба, 100 грама овошје, 4 листа зелена салата.
Пред Спиење: 1 чаша сок од јаболка, 2 сушени смокви.
Диетата може да се повтори по потреба од 2 до 4 недели, но никако подолго од тоа. Враќањето на „нормалнио

loading...