Бразилски крокети со пилешко и сирење

Бразилските пилешки крокети наречени coxinha се популарна закуска во оваа јужноамериканска земја. Можат да бидат кружни или издолжени, во зависност од вашата желба…

Прсти да излижете: Бразилски крокети со пилешко и сирење
Потребни состојки за 10 лица:
За фил:
400 грама варено пилешко
100 грама свежо сирење
1 лажица маслиново масло
4 чешниња лук
3 лажици сечкан свеж магдонос
1 главица кромид
½ лажичка црвен пипер
сол и бибер по вкус
За тесто:
1 лажица путер
400 милилитри полномасно млеко
50 милилитри пилешки супа
400 грама брашно
Дополнителни состојки:
јајца
презла
масло за пржење

Бразилски крокети со пилешко и сирење

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото во тенџере и пржете ги парчињата лук и кромид додека не поруменат. Додадете го исечканото варено пилешко, сол, бибер и сè добро измешајте.

Префрлете го филот во сад , додадете го крем сирењето и магдоносот и убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.

Во истото тенџере растопете го путерот, додадете ги пилешката супа и млекото и оставете ги да зовријат. Потоа додадете го брашното и мешајте додека не добиете тесто.

Тестото префрлете го на рамна површина и оставете малку да се излади.

Земете парче тесто со големина на јајце и обликувајте го во форма на топче. Потоа со раце развлечете го во круг, а во средината ставете една лажица фил. Тестото завиткајте го околу филот во облик на круша.

Премачкајте ги крокетите со јајце и презла и пржете ги на врело масло додека не поруменат. Послужете со сос по желба. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи: