Бразил тагува: Почина синот на легендарниот фудбалер Кафу

49-годишниот легендарен Бразилец Кафу ненадејно го загуби својот син. Данило Фелисано де Мораес почина во 30-тата година од својот живот. Како што известуваат бразилските медиуми тој доживеал срцев удар додека играл фудбал со друштво во близина на својот дом во Сао Паоло. По само десетина минути игра се пожалил дека не му е добро и се срушил на теренот. Итно бил пренесен во болница, но спас за 30-годишниот Данило немало. Трагичната вест ја потврдил и долгогодишниот пријател на Кафу и поранешен фудбалер Паоло Серхио.
Данило беше најстариот син на бразилската легенда Кафу, играл фудбал, но само аматерски.
Според многумина Кафу е најдобриот десен бек на сите времиња, познат по сјајната игра за “Рома“ и “Милан“, како и за бразилската репрезентација за која настапил 142 пати. Со неа во 2002 година како капитен стана светски првак, а Светско првенство освои и во 1994 година.

 

 

Loading...