Бранимир Китановиќ најдобар полицаец, а Елвис Далипи најдобар пожарникар во Скопје за 2018 година

Loading...

Бранимир Китановиќ е прогласен за најдобар полицаец, а Елвис Далипи за најдобар пожарникар во Скопје за 2018. година.
-Вработен сум во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, работам во Министерството за внатрешни работи веќе 23 години. Оваа награда од Град Скопје е плод на напорна, тешка и обемна работа. Изминатата година се соочивме со многу настани, многу случки и тешки задачи на кои одговоривме се надевам успешно, секако со помош на началникот на Одделението. Упатувам најголема благодарност до сите мои колеги од Одделението без кои не би можел ова да го постигнам. Апелирам да се подигне свеста и културата во врска со возењето и паркирањето за да се подигне нивото на безбедност за сите нас, вели Китановиќ.
-Јас и мојот тим годинава имавме голем број интервенции, повеќе од 50. Гасневме пожари на отворен простор, во куќи и станови, а имавме и голем број технички интервенции. Мојот татко беше пожарникар и јас уште како дете доаѓав да ја посетам противпожарната станица. Ги гледав луѓето со колкава амбиција тргнуваат во акција кога имаше потреба од интервенции. Тоа ме привлече и јас да станам пожарникар и да ја продолжам традицијата во моето семејство. Работам од 2009. година, изјави Далипи.

loading...