Братот на српскиот рапер Гру скршен од болка довикува: “Брате зошто не остави, зошто не ме послуша?!“

Семејството на српскиот рапер Далибор Андонов Гру кој трагично го загуби животот при страшна несреќа на Дунав во Земун, е скршено од болка и завиено во црно.
Неутешните членови на неговото семејство не можат да се помират дека Гру веќе го нема, а меѓу нив е и постариот брат на Гру, Игор, кој кобниот ден последен го видел жив и го молел да не оди на реката.
– Брате зошто не остави, зошто не ме послуша?! Дачо, врати се за никогаш веќе да не те пуштам, неутешно лелекал тој во семејната куќа.
Наводно, Игор и Гру се виделе три часа пред трагедијата во едно кафуле. Игор тогаш го молел да не оди на кајтбординг, но српскиот рапер сепак не го послушал и одлучил да замине. Дека брат му загинал дознал од пријател кој кобниот ден му се јавил откако во медиумите ја видел трагичната вест.
Гру зад себе остави сопруга и два сина. Фатални за него биле скршениците на кичмата со кои се здобил од ветрот кој неколку пати го кревал во воздух и силно го спуштал во вода каде тој се давел. Се било готово за 20 секунди.

 

 

Loading...