Брат и сестра заборавени во автомобил во скопски Аеродром

Loading...

Ноќеска, половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот “Видое Смилевски – Бато“ во населбата Аеродром во Скопје биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, јавува ТВ “Сител“.
Ги виделе соседите и пријавиле во полицијата која веднаш дошла. Ги искршила прозорците и ги извадила децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.
Од МВР за “Сител“ потврдија дека имаат регистрирано ваква пријава, но детали за случајот најавија за во текот на денот.

loading...