Брауни колач со нутела и бејлис

Состојки
5 јајца
1 чашка (за ракија) бејлис
300г нутела

Подготовка
1. Јајцата ги матиме убаво, да станат пенести (околу 10 минути). Го додаваме бејлисот и матиме убаво.
2. Нутелата ја загреваме во микро 30 секунди (или на пареа) и ја ставаме во подлабок сад.
3. Ги додаваме јајцата, дел по дел, кај нутелата и мешаме со лажица (не со миксер).
4. Кога смесата е еднолична ја префрламе во намрсен калап за печење (24цм) и печеме на 180 степени околу 25 минути.
Предлог за послужување – со топка сладолед и карамел сос.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.