Бредли Купер купил стан од 13 милиони долари: Тука ќе живее со Ирина Шајк и нивната ќерка

По неверојатниот успех на филмот “Ѕвездата е родена”, актерот со почестил со нов дом во Њујорк.
Славниот актер Бредли Купер купил стан во Њујорк, за кој платил неверојатни 13 и пол милиони долари. Холивудската ѕвезда во новиот дом ќе живее со моделката Ирина Шајк и нивната 1-годишна ќерка Леа.
По големиот успех на филмот “A Star is Born”, инаку кандидат за Оскар, американскиот актер се почастил себе и своето семејство со луксузна недвижнина од 370 квадратни метри на Менхетн во Њујорк.


Филмот “A Star is Born” во кој Купер глуми со Лејди Гага, доживеал неверојатен успех, а нивниот дует “Shallow” се наоѓа на 28. место на музичката листа “Bilboard Hot 100”.
Прифати да глуми во мојот филм под еден услов. Ми кажа дека мрази сцени во кои се гледа дека актерите пеат на плејбек и дека од мене ќе направи пејач, ако јас од неа направам актерка – рекол Купер, кој за пеењето во овој филм вежбал 18 месеци.
Како изгледа новиот дом на Купер и Ирина можете да погледнете во продолжение.
Големата куќа има шест спални соби, четири бањи, приватно кино, паметни уреди…Дневната соба има камин и поглед на приватната градина во која се наоѓа дрво од праска, скара, маса за пинг понг и уште многу работи.

Loading...