Бред Пит ѝ подари на Анистон куќа, од цената ќе ви се заврти во глава

Loading...

Медиумите пишуваат за наводното помирување на актерскиот пар, а сите се изненадиле кога тој и ја подарил куќата во која некогаш живееле, а која вреди 70 милиони долари.
Некогашниот актерски пар Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа пред скоро 15 години, а до неодамна во медиумите се шпекулираше дека ја обновиле својата романса, после разводот на актерот од Анџелина Џоли.
Актераката во февруари оваа година го прослави својот 50-ти роденден, а меѓу гостите се појави и нејзиното поранешно момче, Пит. Обожавателите на поранешните љубовници на почетокот почнаа да шпекулираат околу подарокот на Пит на својата некогашна сопруга, а сега странските медиуми дошле до информација дека станува збор за куќата во која тие двајца некогаш живееле и тоа во Беверли Хилс.


Импозантната вила вреди цели 70 милиони долари, а извор близок до Анистон заведува дека на актерката и било многу тешко да ја напушти после разводот.
-Губењето на нивниот дом од соништата ја зголеми болката после нивниот развод. Куќата била на продажба во време кога се разведуваа, а на Џенифер и падна тешко што Бред тогаш не ја купил, изјавил изворот.
Џенифер и Бред беа во брак од 2000 до 2005 година, а актерката подоцна се омажи за Џастин Теро.

loading...