Умирам, прости ми…“ Тоа беа последните зборови на убавицата од Сирија. Познатата актерка и поранешна кралица на убавината, која била бремена, не успеала да ја надмине тешката вирусна инфекција.Тажна вест утрово го потресе азискиот континент – сириската актерка Енџи Морад почина на 33-годишна возраст по исцрпувачка битка со сериозни здравствени проблеми. За трагедијата да биде уште поголема, поранешната убавица била бремена.Според локалните медиуми, смртта настапила поради компликации од вирусна инфекција. Кон крајот на јануари беше префрлена на интензивна нега, но, за жал, немаше начин да се спаси. Нејзината мајка на Фејсбук ја известила јавноста дека големата телевизиска ѕвезда и подлегнала на болеста: „Господ да те помилува ќерко моја…“Енџи ја испрати својата последна порака на 25 јануари. Зборовите беа вознемирувачки: „Умирам, прости ми.”Втората бременост беше тешка, а ситуацијата дополнително се искомплицира со инфекција која доведе до проблеми со виталните органи, вклучително и пневмонија која не можеше да ја надмине.Поранешната убавица, која зад себе остави ќерка и сопруг, е родена во 1992 година во главниот град на Сирија, Дамаск. Дипломирала на Институтот за драмски уметности. Таа почна да глуми, нејзината најголема љубов, уште како тинејџерка. Ниту победата на натпреварот за Мис Азија 2017 не успеа да ја одврати од тој пат.
Пронајдете не на следниве мрежи: